3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговскиот дефицит намален за 150 млн. долари за првиот квартал

Трговскиот дефицит намален за 150 млн. долари за првиот квартал

roba-kamioni

Трговскиот дефицит на Република Македонија во првиот квартал од годината изнесува околу 432 милиони долари, што е намалување за над 150 милиони долари во однос на истиот период лани.

Намалувањето на дефицитот се должи на осетно намалениот увоз во наведениот период, а намалување има и на страната на извозот.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари – март изнесува 1,02 милијарди долари, а на увозот 1,45 милијарди долари.

Во истиот период од минатата година вкупната вредност на извозот изнесувала 1,11 милијарди долари, а на увозот 1,69 милијарди долари.

Покриеноста на увозот со извоз е 70.4 отсто, додека во истиот период лани изнесувала 65,6 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивните легури, необработени или во облик на прав.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија (51.6% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП