27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Прилеп го организираше проектот „Ден на идеи - Идеа плус за...

Општина Прилеп го организираше проектот „Ден на идеи – Идеа плус за подобар Прилеп“

prilep

По петнаесетти пат Општина Прилеп денес го организираше проектот „Ден на идеи – Идеа плус за подобар Прилеп“.

Проектот наиде на голем интерес кај невладините организации, мали, средни и големи претпријатија и граѓаните кои доставија свои идеи за подобар Прилеп. Новите идеи кои граѓаните ги презентираа на повикот, беа разгледани во присуство на градоначалникот на Општина Прилеп, раководителите на одделенијата и директорите на Јавните претпријатија.

На 15-тиот по ред Ден на идеи беа предложени идеи поврзани со организација на повеќе настани од локален и национален карактер, повеќе предлози кои се дел од инфраструктурата на град Прилеп, приредби, манифестации.

Целта на овој проект е да се подобри и зацврсти комуникацијата меѓу граѓаните и општината и нивните замисли за подобар и поубав град.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП