Република Македонија ќе има најголем економски раст во Европа оваа и следната година, предвидува Европската комисија во пролетна економска прогноза, која беше објавена денеска во Брисел.
Македонија се очекува да има раст на Бруто-домашниот производ (БДП) од 3,8 отсто во 2015-та година, односно 3,9 отсто во наредната што е најдобра прогноза за целиот континент.
Најновата економска прогноза на Европската унија ја објави комесарот за економски и финансиски прашања, Пјер Московици, јави МИА од Брисел
За целата Европската унија се предвидува раст од 1,8 проценти годинава, а 2,1 отсто догодина, при што во рамки на Унијата, најголем економски раст се очекува да имаат Ирска и Малта (по 3,6% на БДП), па Луксембург (3,4%) и Полска (3,3%) во 2015-та година, а во 2016-та година, Ирска и Луксембург се очекува да остварат економски раст од по 3,5 проценти.
Се очекува сите членки на ЕУ, освен Кипар (- 0,5%) годинава да излезат од рецесија, со тоа што најмал економски раст се предвидува да имаат Финска и Хрватска (по 0,3%), Грција (0,5%) и Италија (0,6%).
Еврокомисијата очекува буџетскиот дефицит во Македонија да падне од 4,2 отсто од БДП минатата година на 3,8 отсто годинава, а во 2015-та година да се спушти на 3,6 отсто. Јавниот долг на Македонија се очекува да продолжи да расте и од 27,8 проценти во 2014-та година, оваа година да достигне 29,1 отсто, а догодина 40,5 проценти.
Во однос на невработеноста, Европската унија најавува дека се очекува да продолжи да се намалува во Македонија и од 28,1 отсто минатата година, годинава да се спушти на 27,4 проценти, а во 2016-та година да се намали за уште еден процент и да изнесува 26,4 отсто.
Со наслов „Зацврстувањето на домашната побарувачка поттикнува понатамошно забрзување на растот“, Европската комисија во пролетната економска прогноза за Македонија вели дека растот на производството се зголемил во 2014-та година, а предводен од извозот на странските инвеститори и инвестициите во јавната инфраструктура.
Брисел нотира дека солидната добивка во потрошувачката на домаќинствата дополнително ја зголемува домашната побарувачка. Со оглед на високите инвестиции и побарувачката од увозната трговија, странската рамнотежа натежнала на економската активност.
Натамошните добивки во домашната побарувачка можно е да го постават растот на Бруто-домашниот производ БДП на уште посилно темпо во 2015-та и 2016-та година, додека негативниот придонес од нето-извозот се очекува да се намали. Владата продолжува да поддржува, со планови за понатамошни инфраструктурни проекти, како и зголемување на овластувањата за трошење, релаксирајќи ја својата среднорочна стратегија за фискална консолидација, наведува Еврокомисијата.
Потенцирајќи дека извозот и зголемувањето на инвестициите го движеле растот во 2014-та година, Комисијата за Македонија наведува дека големите јавни инфраструктурни проекти и растот на извозот, главно се должеле на странските компании основани во земјата. Тоа, според пролетната економска прогноза на неформалната Влада на ЕУ придонело за значајно забрзување на растот на реалниот БДП во 2014-та година. Со оглед на високата увозна содржина на инвестициите и извозот, Комисијата вели дека ја направило надворешната рамнотежа да има негативен придонес кон растот, откако беше негова главна поддршка во 2013-та година.
Според ЕК, силното зголемување на вкупниот бруто-капитал во првите три квартали на 2014-та година биле проследени со мало забавување кон крајот на годината, но сепак, во просек, инвестициската активност значително се обновила по малото забавување во претходната година.
Почнувајќи од вториот квартал, според Брисел, потрошувачката на домаќинствата, поддржана од зголемувањето на реалната нето-плата, стабилните приливи од приватните трансфери и подобрувањето на пристапот до кредити, се претворило во солиден втор столб на растот на домашната побарувачка. Трговскиот биланс на стоки, пак е подобрен во 2014-та година во однос на БДП-то, во споредба со претходната година.
Ова, во комбинација со зголемениот суфицит во билансот на услуги и стабилниот прилив од приватните трансфери, придонесе за стеснување на дефицитот во тековната сметка од 0,5 проценти на 1,3 отсто од БДП. Создавањето работни места во секторот на производството, засилено од активните мерки на пазарот на трудот, беа главниот двигател за понатаму и покрај забавениот раст на вработеноста, но и за понатамошно намалување на стапката на невработеност. Учеството на пазарот на труд остана ниско, со 57 отсто во целина и тоа особено за жените. Немаше подобрување на состојбата на младите работници и речиси половина од работната сила на возраст меѓу 15 и 24 години се регистрирани како невработени, се наведува во прогноза за Македонија.
Еврокомисијата утврдува и дека притисоците од трошењето му тежат на буџетот, па вели дека фискалните перформанси и понатаму разочарувале во втората половина на 2014-та година, додека даночните приходи закрепнале, сепак се зголемиле расходите на потрошувачката и имало неочекувани дополнителни трошоци за транспортниот Коридор 10 во однос на изградба на патишта, што довело до притисоци дури и по ребалансот на буџетот што беше донесен во септември минатата година.
Во прилог на зголемување на правото за трошење, кој стапи на сила на почетокот на годината, Владата на Република Македонија, според Брисел ја поддржувала приватната побарувачка со уште едно зголемување на платите во јавниот сектор во есента 2014-та година. На крајот на годината, општиот владин дефицит изнесуваше 4,2 отсто од БДП, што според ЕК ја надминало ревидираната горна граница за 0,5 проценти. Зголемувањето на државниот долг се задржало во 2014-та година, но задолжувањето на претпријатијата во државна сопственост, според Брисел го повлекло јавниот долг, како и потенцијалните обврски на Владата која обезбедува гаранции за нивните кредити.
Комисијата очекува и намалување на повлекувањето од надворешната рамнотежа. Па, така, наведува дека домашната побарувачка се очекува да остане единствен двигател на растот во иднина. Инвестициската активност, управувана од страна на јавните расходи за транспортни и енергетски проекти, како и изградба на нови објекти од странските инвестиции, проектирано е да придонесат за понатамошна солидна добивка, иако стапките на раст се забавуваат во нивниот долгогодишен просек. Потрошувачката на домаќинствата, како резултат на силните основи, според Еврокомисијата се очекува и да се зголемува и понатаму и да стане главен извор на раст на производството во 2015-та година и 2016-та година.
Извозот е проектиран да остане цврст, што главно се должи на странските извозници кои изградија нови производствени линии во оператива. Ако извозот поврзан со инвестициите малку застане, трговскиот биланс на стоката веројатно ќе се подобри малку оваа и следната година, ублажувајќи го негативниот придонес во растот на БДП од надворешната рамнотежа. Сепак, дефицитот на тековната сметка е поставен за некако да се прошири и во голема мера ја има предвид очекуваната нормализација на приливите од приватните трансфери на поумерено, просечно ниво, прогнозира ЕК за Македонија.
На крајот во образложението за пролетната економска прогноза за Македонија, неформалната Влада на Европската унија посочува дека јавните расходи продолжуваат да ја поддржуваат домашната побарувачка. Затоа, ЕК смета дека македонската Влада се очекува да продолжи да обезбедува позитивен фискален поттик на домашната побарувачка за оваа и следната година, а преку понатамошно зголемување на социјалните трансфери, пензиите и платите во јавниот сектор. Во исто време, според Брисел, значителни буџетски средства и финансирање од страна на претпријатијата во државна сопственост, се наменети за понатамошно инвестирање во јавната инфраструктура.
Фискалниот разултат за оваа година, пак, Комисијата смета дека може да ја надмине владината цел за дефицит од 3,3 отсто за околу 0,5 pроценти. А, неодамна предвидените зголемувања на правото на трошоци веќе оставиле белег на успешноста на буџетот, па според Еврокомисијата, во првите два месеци од 2015-та година акумулираниот буџетски дефицит изнесува околу 25 проценти од целта за буџетот за целата година или 0,8 отсто од планираниот БДП.
Голем број на мерки за зголемување на приходите се планирани за 2015-та година, но тие не можат да го компензираат планираниот пораст на актуелните трошоци, вклучувајќи ја и неодамнешната одлука на Владата за зголемување на социјалните трансфери од јули оваа година за пет проценти повеќе што е предвидено во буџетот. Оттука, потреба за ребаланс на буџетот, што би предвидело намалување на буџетскиот раст за зголемување на капиталните расходи не се очекува, заклучува Европската комисија во пролетната економска прогноза за Македонија.