26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ покрај трагедијата, Lufthansa во плус

И покрај трагедијата, Lufthansa во плус

Lufthansa_Beta111

Германската авиокомпанија „Lufthansa“ соопшти дека во првиот квартал се вратила на патот на профитот, пред се благодарение на успешното работење на филијалите „Swiss“ и „Lufthansa Cargo“.

Компанијата во три месеци заклучно со март остварила нето заработка од 425 милиони евра во однос на загубата од 252 милиони евра во истиот период лани, пренесува агенцијата Франс прес.

„Сите деловни сектори евидентираа подобри резултати. Пред се, „Swiss“ и „Lufthansa Cargo“, изјави финансиската директорка на компнијата Симоне Мене.

Приходите на „Lufthansa“ во дадениот период пораснале за 7,9 проценти на 6,97 милијарди евра. Мене додаде дека групацијата работи на зајакнување на конкурентноста во сите сегменти на работењето.

„Lufthansa“ се обидува да постигне договор со своите пилоти околу правилата кои се однесуваат на предвременото пензионирање, по повеќето штрајкови во текот на минатата година кои влијаеа на деловните резултати на компанијата.

„Lufthansa“ на 24 .март оваа година тешко ја погоди и падот на авионот на нискобуџетната авиокомпанија во нејзина сопственост „ Germanwings “, кога загинаа 144 патници и шест членови на екипажот во несреќата во која авионот се урна во Алпите во Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП