10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХит бизнис во САД - рент а кокошка

Хит бизнис во САД – рент а кокошка

883498535554082b07f9d4969827728_640x427

Желбата на се поголем број на луѓе да јадат свежи јајца, но без обврски за нивното производство, е заслужна за успехот на новиот хит бизнис во САД – изнајмување кокошки.

Првата ваква фарма, под називот „Изнајмете кокошка“(rentthechicken.com) ја основала Џен Томпкинс пред две години во Пенсилванија и од тогаш го проширила бизнисот во неколку американски држави, како и во Торонто во Канада.

Изнајмувањето на кокошки и хуманото одгледување на кокошки е се попопуларно во американските градови, предградија и села, а ги обединува и луѓето кои се противат на фабричкото производство на јајца. Многу семејства се одлучуваат да изнајмуваат кокошки и за едукативно искуство на нивните деца, пишува ABC News.

Една од најголемите причини поради која луѓето се одлучуваат на таква набавка на здрава храна е и фактот дека кокошките живеат седум до десет години, а ретко кој сака да прифати обврска за нивно долготрајно чување, со оглед на тоа дека во Америка жителите не смеат сами да ги колат животните поради јадење, смета Томпкинс.

Трошоците за изнајмување зависат од компанијата, локациите и временскиот период, а почетната цена е околу 150 долари месечно.

Основниот пакет вклучува две кокошки, кокошарник и храна за нив, а новиот сопственик може преку телефон секој ден да се информира за своите кокошки, како и да поставува прашања кои го интересираат.

Ако не е задоволен, клиентот може да ја врати кокошката, а може и да ја откупи доколку е се во ред и сака да продолжи со нејзиниот развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП