26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромовирани нови пластични контејнери

Промовирани нови пластични контејнери

kont

Нови пластични контејнери за ЈП „Комунална хигиена“ беа промовирани во вторник во Центарот за селекција на отпад на ова претпријатие.

„Со цел да се подобри подигањето на отпадот  на територијата на  градот Скопје, набавени се 1.000 нови пластични контејнери, секој со зафатнина од 1,1 м3. Овие контејнери ги задоволуваат стандардите EN 840-2,5,6 и се изработени од нерециклиран високомолекуларен полиетилен, отпорни на високи и ниски температури, ув-зраци, и на хемиски и биолошки влијанија“, рече градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Тој упати апел до граѓаните да не ги палат контејнерите, бидејќи досега, како што рече, се запалени 90 контејнери и е причинета голема материјална штета.

Во претстојниот период, овие контејнери ќе бидат поставувани на оние локации во градот каде што досега имаше поставено метални контејнери, а ќе се празнат со постојните возила на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Директорот на ЈП „Комуналана хигиена“, Ракип Дочи,  изјави дека со цел градот Скопје да наликува на другите европски градови секоја вечер 8 цистерни ги мијат неговите улици и се набавени контејнери со рамен капак  кој се отвора со механизам што се придвижува со нога.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП