28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвеститорите повлекле од Велика Британија 356 милијарди долари

Инвеститорите повлекле од Велика Британија 356 милијарди долари

london_large

Во последните 15 месеци инвеститорите повлекле од Велика Британија 356 милијарди долари, откри весникот „Тајмс“.

Според новинарот Филип Олдрик, причината е загриженоста од домашната атмосфера, а исто така и затоа што „руските пари се префрлени во странство по воведувањето на санкциите, поврзани со Украина“.

Соодветно „бегството“ на парите од Велика Британија предизвикува стравувања за фунтата.

„Пари дефинитивно се „бегаат“ од фунтата … или британските инвеститори сакаат да вложуваат во странски средства, или странските инвеститори сакаат да „бегаат“ од Британија“, рече Мајкл Хауел, главниот извршен директор на фирмата „CrossBorder Capital“, врз чии податоци се прават заклучоци.

Податоците на „CrossBorder“ не откриваат каде и од каде се префрлаат парите: фиксирани се само на чистиот одлив или прилив на капитал.

Но компанијата смета дека има три главни фактори: „Русија и Украина, стравувањата од шкотскиот референдум и неизвесноста поради изборите“ (на 7-ми април).

Симон Пек од „Royal Bank of Scotland“ смета дека „релативно ниските резултати од гарантираните хартии од вредност“ се објаснуваат со веројатноста дека лабуристите ќе победат на изборите, а кредитите на државата ќе се зголемат за 20 милијарди фунти годишно, во споредба со износот кај сегашната Влада.

„Се верува дека руските пари почнаа да ја напуштаат Британија минатата година поради санкциите од украинската криза. Кон декември ситуацијата се влоши, откако претседателот Путин им нареди на олигарсите да ги вратат парите во татковината“, се вели во статијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП