24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВашингтон со сила се наметнува во гасниот договор меѓу Русија и Грција

Вашингтон со сила се наметнува во гасниот договор меѓу Русија и Грција

11

Администрацијата на Обама игра одбрана. Најновата стратегија: да се придобие Грција да се повлече од договорот за испорака на природен гас со рускиот „Газпром“, анализира американскиот магазин Forbes.

Неодамна, рускиот енергетски гигант „Газпром“ потпиша договор со грчката влада, со кој земјата би станала транзитна станица за испорака на природен гас во Европа. Договорот е дел од руско-турскиот проект за гасовод, кој би ја вклучил и Грција во улогата на главен транзитен јазол за „Газпром“ во ЕУ.

„Гаспром“ подолго верме се обидува да најде алтернативна рута кон Европската унија, најважниот пазар за оваа компанија, откако Украина се претвори во земја на постојани немири. Таму „Газпром“ е во партнерство со „Нафтогаз“ при испораката на гасот до ЕУ. Но, во моментов компаниите минуваат низ многу лош развод. „Газпром“ имаше намера да изгради друг гасовод до Европа, наречен „Јужен тек“, во соработка со европски партнери. Но тогаш дојдоа санкциите од 2014 година поради наводната вмешаност на Русија во немирите во Украина. Тој договор пропадна. Тогаш Турција скокна во вагонот. Грција си купи карта за возот на „Газпром“ во април.

Украина заби колец меѓу Европа и Русија, но САД се појави со гигантски чекан и го заби колецот уште подлабоко. Вашингтон прв наметна санкции врз „Газпром“ и другите руски енергетски комапнии, како казна за поддршката на Москва за сепаратистичкото движење во источна Украина.

Кога колецот беше добро забиен, Вашингтон продолжи со брзина на светлоста и успеја да убеди барем две поранешни советски стаелит-држави, Литванија и Полска, да развиваат терминали за течен природен гас (ТПГ- LNG), преку кои некогаш во иднината би добивале американски гас од шкрилци. За Русија, каде што се што ќе стори Западот се гледа низ шпионска призма, овие два нови терминали за ТПГ беа доказ дека Вашингтон започнува енергетска војна со нив. Европа нека ја заврши валканата работа на реконструкција на украинската економија. Она што Вашингтон навистина го сака е европскиот енергетски пазар.

Ова стана уште поочигледно неодамна кога американскиот државен секретар Џон Кери се обиде да ја намами Грција, која нема скршена паричка, со „контрапонуда“. Иако пазарот не дозна каква е понудата, таа сигурно доаѓа со услов да се поништи договорот со „Газром“. Вашингтон некако многу одеднаш ја откри Грција како играч во областа на природниот гас, само неколку дена пред да се потпише договорот со „Газпром“ во Атина. Русија ова не може да го гледа никаку поинаку, освен како политички мотивирано.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коциас, по завршувањето на петдневната посета на Вашингтон, за Associated Press изјави дека се сретнал со Кери и дека Кери му кажал оти ќе го испрати претсавникот за енергетика на Стејт департментот, Амос Хоштајн, во Атина „во рок од неколклу дена“, за да ја пренесе контрапонудата на договорот со Русија. Коциас исто така кажа дека понудата има врска со таканаречениот „Турски тек“.

Како што стојат работите, преку договорот со Русија би се поврзал гасоводот „Турски тек“ со постоечките гасоводи во Грција. Тоа Грција би ја претворило во битен јазол, а со тоа доаѓаат и гаранциите од Путин за „стрижење“ на цените на гасот. Ова наликува на договорите кои Русија ги склучуваше со Украина.

Коциас истакна дека неодамнешните преговори со „Газпром“ биле засновани врз економски интереси, не политички. Тој ја опиша заинтересираноста на „Гаспром“ да ја развие цевководната инфраструктура низ Грција како дел од пошироките руски напори да се блокираат плановите на САД да го намали пазарниот удел на „Газпром“ во источна Европа.

Нема ли тука простор за сите?

Побарувачката во Европа за природен гас не се намалува. Расте. Не може ли САД на Грција да ѝ понуди да ја финансира изградбата на ТНГ терминалот, со услов гасот кој таму ќе пристигнува да доаѓа исклучиво од САД? Секако дека може. Па, тогаш, зошто да го напаѓа „Турскиот тек“, како што навести Коциас?

„Се чини дека администрацијата на Обама станува се померкантилистичка“, вели Владимир Сињорели, претседател на ‘Bretton Wood Research’, фирма за истражување на инвестиции со седиште во Њу Џерси. „Грчкиот договор со Русија се однесува на обидите на (грчкиот премиер) Алексис Ципрас да донесе што е можно повеќе милијарди долари во државната каса, а сега гледа дека и САД е спремна да се ‘учипи’. Но, од гледна точка на Вашингтон, сево ова се однесува само на спречување на руското влијание во Атина. Тоа е меркантилистичко гледање со нулта добивка. Добивката на мојот противник е загуба за мене. Ако Русија смета дека својот капитал најефикасно ќе го употреби преку договор за гасовод со Грција, тогаш САД би требало едноставно да го остави капитализмот да си работи. Зошто оваа понуда не се материјализира пред руската понуда? Ова нема смисла. Ова е само потег да се исфрли конкурентот во областа на природниопт гас.“

Во овој поглед, на Вашингтон во последно време баш и не му оди.

Кога Кина ја најави својата нова Банка за инвестиции во азиската инфраструктура (Asian Infrastructure Investment Bank), администрацијата на Обама, занесена во „навлегувањето“ во Азија (Asia Pivot), лобираше кај сите европски лидери да не и се приклучат. Предупредувањата на неговиот тим никој не сакаше да ги чуе. Речиси сите главни европски економии се приклучија кон АИИБ.

Потоа Кина излезе со новата „Иницијатива за патот на свилата“, преку која ќе инвестира милијарди долари во страшно неразвиените „стан“ држави на запад од неа.

Не не изненади тоа што Вашингтон веднаш се сврте кон Токио, кое ја отфрли АИИП, и понуди создавање на Транс-пацифичко партнерство (Trans-Pacific Partnership). ТПП се појави буквално од никаде. И не не изненади тоа што договорот го исклучува најбитниот азиско-пацифички трговски партнер на Америка – Кина.

Во меѓувреме, директорот на „Газпром“, Алексеј Милер, кон крајот на минатата година во Русија ги најави плановите за изградба на нов „Јужен тек“ низ Турција. Грција и така никогаш не беше дел ниту од оригиналниот договор.

Гасоводот „Турски тек“ ќе има годишен капацитет од 63 милијарди кубни метри гас. Околу 14 милијарди ќе остануваат во Турција. Со Грција во друштвото, остатокот би се пумпал кон приемен јазол на турско-грчката граница, за клиентите во Европа.

Но тоа само доколку Вашингтон не одбере да ја игра улогата на агитатор, кој ги брцка Милер и Путин во очите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП