6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајевтина цена на трудот во Бугарија, најскапа во Данска

Најевтина цена на трудот во Бугарија, најскапа во Данска

different-workers

Бугарските работодавци во приватниот сектор минатата година најмалку плаќале за еден час труд во однос на останатите земји на ЕУ – 3,80 евра, додека на лидерската позиција Данците плаќале 42 евра, покажа истражувањето на германската агенција Дестатис.

Според истражувањето, цената на трудот во Бугарија минатата година е зголемена за 2,8 проценти во однос на 2013 година.

Малку пред Бугарија е Романија, каде цената на трудот за еден час изнесува 4,8 евра, следи Литванија со 6,60 евра, Летонија со седум евра и Унгарија со 7,8 евра по час.

Просечната цена на трудот за еден час во ЕУ изнеусва 24,40 евра.

Работодавците во германскиот приватен сектор плаќале 31,80 евра за час, со што Германија го зазеде осмото место меѓу 28 земји членки на ЕУ според трошоците кои ги извојува за работната сила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП