3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да се вратите на работа по подолго отсуство?

Како да се вратите на работа по подолго отсуство?

women-gossiping-in-the-workplace-600x330

Без оглед дали на работа се враќате по годишен одмор или сте биле отсутни поради други причини, можеби здравствени, враќањето на работа по подолго отсуство не е воопшто лесно.

Потребно е одредено време за повторно да влезете во форма и да се привикнете на стариот начин на живот.

Бидете посветени

Кога сте на работното место фокусирајте на работата инаку ќе бидете незадоволни цело време. Со обавување на работните задачи и времето побрзо ќе помине.

Дознајте што се променило

Дознајте што се променило и што тоа значи за вас и за вашето работно место. Разговарајте со шефот и останатите вработени и обидете се да дознаете што повеќе за промените кои се случиле додека сте биле отсутни. А тогаш, многу важна ставка е да се прилагодите на промените.

Побарајте помош

Ако е потребни, побарајте помош од шефот и останатите вработени за да се прилагодите по долгото отсуство од работа. Тие сигурно ќе ви помогнат во првите денови да се вратите во колосек.

Флексибилно работно време

Ако сте биле отсутни од работа подолго време поради здравствени проблеми или сте биле на породилно отсуство, тогаш може да биде корисно да побарате и флексибилно работно време, ако тоа е можно…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП