2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските машиновозачи стапија во еднонеделен штрајк

Германските машиновозачи стапија во еднонеделен штрајк

drivers

Германските машиновозачи го започнаа денес најавениот седумдневен штрајк, а засега нема навестувања дека би можело да дојде до договор меѓу синдикатите и работодавачите.

Синдикатот на машиновозачите ГДЛ ги повика своите членови да прекинат со работа ноќта кон вторник во 2 часот и да не се вратат до 9 часот во недела.

Возачите на товарните возови го започнаа штрајкот во понеделник попладне.

Клаус Веселски, лидер на ГДЛ, ја обвини германската железничка компанија Deutsche Bahn дека е виновна за штрајкот што е последица на спорот околу платите и работничките права.

Германските машиновозачи од септември минатата година штрајкуваа осум пати.

Deutsche Bahn претходно соопшти дека околу третина од железничките услуги на долги пруги ќе биде оперативно и покрај штрајкот.

Бизнис проценките говорат дека штрајкот ќе предизвика загуби во економијата од околу 100 милиони евра дневно заради што германските компании во понеделник ги осудија плановите на машиновозачите за започнување на штрајкот.

„Ескалацијата на спорот заради платите со Deutsche Bahn ќе резултира со огромна штета за германската индустрија“, изјави Дитер Швеер од Германскиот индустриски сојуз.

„Тоа ќе доведе до празни складишта, а исто така ќе резултира со прекин на снабдувањето и ќе создаде загуби во многу индустриски гранки“, рече Швеер.

Германскиот синдикат на машиновозачи ГДЛ повика во недела на седумдневен штрајк заради спорот со Deutsche Bahn околу платите и преговарачките права. ГДЛ бара зголемување на платите за пет отсто и намалување на работната недела од 39 на 37 часа. Синдикатот и го бара правото да преговара во име на другите вработени во железницата.

Deutsche Bahn превезува во просек 5,5 милиони патници на ден и околу петтина од товарниот сообраќај, односно повеќе од 620.000 тони на ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП