2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит цените пораснаа на почеток од седмицата

На Волстрит цените пораснаа на почеток од седмицата

Wall Street Premarket

На Волстрит, како и на европските берзи, во понеделникот цените на акциите пораснаа, благодарејќи на подобрите од очекуваните квартални деловни извештаи на неколку компании.

На европските берзи во понеделникот цените на акциите пораснаа. Франкфуртскиот индекс DAX скокна за 1,44 отсто, на 11.619 поени, а парискиот индекс CAC за 0,70 проценти, на 5.081 индексен поен. На лондонската берза, поради празникот, не се работеше.

На Волстрит, пак, во понеделникот индексот Dow Jones зајакна за 0,26 отсто, на 18.070 поени, додека индексот S&P 500 порасна за 0,29 проценти, на 2.114 поени, а, пак, индексот Nasdaq скокна за 0,23 отсто, на 5.016 индексни поени.

На вредноста добија 7 од 10-те сектори на DS&P 500 индексот, а најмногу, речиси 1 отсто, зајакна финансискиот сектор. Со раст од 0,73 отсто следеше услужниот сектор, кој инвеститорите ги привлекува со релативно високите дивиденди. Во овој сектор дивидендниот принос во просек изнесува 3,7 отсто, додека за целиот индекс S&P 500 изнесува 2,4 отсто.

Инвеститорите беа охрабрени од подобрите отколку што се очекуваше квартални резултати на неколку компании. Поради тоа, цената на акциите на „Berkshire Hathaway“, инвестицискиот конгломерат на влијателниот инвеститор Ворен Бафет, порасна за 1,6 отсто. Поради истата причина, акцијата на технолошката компанија „Cognizant“, поскапе за повеќе од 6 отсто.

„Пазарот благо порасна бидејќи немаше позначајни негативни вести. Во Европа ситуацијата е мирна, на слабите економски показатели од Кина веќе се навикнавме, а деловните извештаи на неколку компании беа подобри од очекуванотo“, вели во aнкетaта на Reuters Питер Јанковскис, директор во фондот „ОakBrook Investments“.

Инвеститорите беа помалку охрабрени и од подобрите од очекуваните макроекономски податоци, како и што е оној за најголемиот раст на нарачките во индустрискиот сектор во САД, во последните осум месеци.

Тоа укажува дека во вториот квартал од годинава американската економија би можела да порасне побрзо отколку во првото, кога зајакна за само 0,2 отсто на годишно ниво. Меѓутоа, аналитичарите, сепак, не очекуваат толку силно заздравување како минатата година, кога, исто така, по забавувањето на растот во првиот квартал, во вториот економијата силно скокна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП