21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗGeneral Motors произведе 500 милиони возила од 1908-ма (фото+видео)

General Motors произведе 500 милиони возила од 1908-ма (фото+видео)

500 mill

Нешто повеќе од еден век му беше потребно на „General Motors“ (GM) да произведе половина милијарда возила. Гигантот од Детроит така стана првиот производител во светот кој направил 500 милиони автомобили.

Тоа значи дека од фабричките погони на сите автомобилски брендови кои се под „капата“ на „GM“ во просек излегувале преку 4.6 милиони возила годишно.

General Motors“ е основана во 1908-ма година, a веќе неколку години подоцна компанијата можеше да се пофали дека во нивните автомобили се возат последниот кинески цар, Пу Ји, а потоа и првиот претседател на земјата со најмногу жители, Сун Јат-Сен.

До 1931-ва комапанијата веќе поседуваше три значајни светски автомобилски марки – британски „Vauxhall“, австралиски „Holden“ и германски „Opel“.

500 mill1

„GM“ за време на својата историја беше заслужен за бројни иновации во авто-индустријата. Меѓу нив се и првиот „V8“ мотор и автоматскиот менувач, но и првото воздушно перниче кое е вградено во еден сериски автомобил.

Првите стандардни кукли за испитување на безбедноста на автомобилот при незгода, исто така се дело на инженерите на „General Motors“.

500 mill2

Компанијата 2014-та година ја заврши зад „Toyotа“ и „Volkswagen“, како трет светски производител на автомобили со испорачани 9,92 милиони возила.

Дури и еден век порано, кога „GM“ испорачуваше автомобили за најголемите кинески државници, Кина потворно е во фокусот на американскиот гигант. До раст во продажбата во последните неколку децении дојде во голема мера благодарејќи на силниот продор на кинескиот пазар.

500 mill3

„GM“ во оваа земја има две сопствени авто-компании, додека соработка е остварена со уште 11 компании, па Кина моментално е најголемиот светски пазар за „General Motors“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП