3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоманија планира раст на БДП од 3,0 проценти годишно

Романија планира раст на БДП од 3,0 проценти годишно

romania--bucharest-july-2007-0_442

Романската влада очекува во тригодишен период – 2015, 2016 и 2017 година, бруто домашниот производ (БДП) да расте 3,0 проценти годишно, додека порастот во 2018 година би требало да изнесува 4,0 проценти.

Во економската програма, која се ревидира секоја година и со одобрување од националната влада се испраќа во Брисел, се наведува дека во Букурешт планираат еврото како валута да го воведат од 1. јануари 2019 година, пренесуваат економските медиуми.

Со тригодишната програма, исто така, планирано е намалување на ДДВ од 24 на 20 проценти до 2016 година, а на 18 проценти до 2018 година. Но, исто така, предвидени се и намалувања на социјалните бенефиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП