20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Грција надвор од еврозоната - тоа е невозможно“

„Грција надвор од еврозоната – тоа е невозможно“

junker 335

„Атина мора да превземе крупни чекори за да постигне компромис со меѓународните кредитори, но излезот на Грција од еврозоната не е опција“, вели Жан-Клод Јункер.

Говорејќи на Универзитетот во белгискиот град Левен, претседателот на Европската комисија рече дека Грција мора да превземе чекори во „наш правец и ние мораме да бидеме подготвени адекватно да одговориме на тие чекори за кои тие немаат алтернатива“.

Сите мораат да разберат дека европската економија и монетарната унија е неповратен процес и „поради тоа, излегувањето на Грција од еврозоната не е опција“.

„Доколку Грција ја напушти еврозоната, „англосаксонскиот свет“ ќе се обиде да ја прекине политиката на една монета“, изјави тој.

Aтина до 12-ти мај треба да отплати скоро милијарда евра долг и камата на Меѓународниот монетарен фонд. Делегациите на ЕУ и ММФ инсистираат на тоа, пред да ги пуштат преостанатите рати од кредитите на Атина, а Грција да вети дека ќе спроведе реформи.

Грција, на која почнува да и снемува готовина, им порача на партнерите од еврозоната во февруари дека до крајот на април ќе постигне договор со кредиторите за листата на реформи кои се неопходни за ослободување од преостанатата транша од пакетот меѓународна помош вреден 7.2 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП