17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа светот има 171.000 тони злато

На светот има 171.000 тони злато

gold

Светскиот совет за злато проценува дека во светот денес во оптек има 171.000 тони од тој племенит метал и половината од таа количина е претопена во накит, 20 отсто се користи како инвестиција, 10 отсто се користи во индустријата, додека остатокот е во централните банки како државни девизни резерви.

Еден од најбогатите инвеститори во светот Ворен Бафет смета дека доколку цело злато во светот се претопи во една коцка, нејзините страни би биле најмалку 20 метри долги, додека други аналитичари тврдат дека таа коцка би можела да има страни долги и до 50 метри.

Проценката на Светскиот совет за злато, од околу 171.300 тони , не ја пресметува во таа бројка и количината која се наоѓа под земја како рудно богатство.

Светската побарувачка на злато падна во првото тримесечие од оваа година за 9,2 отсто, во однос на истиот период  од минатата година, на 990 тони, а понудата на глобалниот пазар во првите три месеци од оваа година била 1.032 тони, што е иста со првиот квартал од претходната година.

Според извештаите на Ројтерс, побарувачката на јувелирно злато е намалена на 2,3 отсто, на 566 тони, а побарувачката на накит паднала за 6,7 отсто, на 527 тони.

Австриската компанија “ANZ” предвидува пораст на цената на златото во наредните години, бидејки се очекува зголемување на побарувачката во Азија, особено во Кина.

Најголем увозник на злато е Индија, која откупува една петина од вкупното производство, но полека Кина ја претекнува, трета е Велика Британија, Турција, Тајланд, САД, Обединети Арапски Емирати, Канада, Германија и Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП