21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛекарите масовно ја напуштаат Србија

Лекарите масовно ја напуштаат Србија

reg-rs-doktori

Дури 20 лекари во првите три месеци од годината добиле сертификати од Лекарската комора, кои и овозможуваат да работат во странство.

Со вакво темпо до крајот на годината ваков документ би можеле да добијат околу 1.000 лекари, пишува „Блиц“.

Неофицијалните податоци говорат дека само во 2013 година околу 850 лекари ја напуштиле Србија.

Доколку се земе в предвид старосната структура, според која од 31.000 лекари во Србија, речиси 70 отсто се на возраст помеѓу 55 и 65 години, а само три отсто се помлади од 30 години, се поставува прашањето кој во иднина ќе ги лекува луѓето во Србија, наведува „Блиц“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП