8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција бара брза исплата на помошта за постигнатиот напредок

Грција бара брза исплата на помошта за постигнатиот напредок

grcija-grcka-greece

Грција во понеделникот побара од доверителите  брза исплата на парите во замена за неодамнешното поместување во преговорите, истакнувајќи дека „грчката економија веќе нема готови пари“.

„Остварениот напредок мора да ја отвори вратата кон полесно финансирање на грчката економија“, изјави Габриел Сакеларидис, портпарол на премиерот Алексис Ципрас.

Според него, Атина сака да склучи рамковен договор со доверителите (ЕУ, ММФ и ЕЦБ) во крајот на мај или јуни, кој би вредел на што е можно подолг рок и нема да биде нужно да му претходи претходен договор.

Одговарајќи на прашањето дали рамковниот договор би ги опфаќал и новите преговори за долгот, Сакеларидис одговори „Владата ќе одлучи кога ќе го постави тоа прашање“.

Сакеларидис призна дека „грчката економија повеќе нема готови пари“ и рече дека „успешни реформи не може да се спроведуваат додека државата финансиски се гуши“.

По тридневните преговори на претставниците на Грција со доверителите во Брисел предвидени се нови средби до среда.

Преговорите поминале во подобар амбиент, веројатно поради промените во составот на делегацијата на Ципрас.

Сепак и натаму не се решени некои значајни прашања за работничките права и за висините на пензиите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП