2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилен раст на франкфуртски DAX

Силен раст на франкфуртски DAX

evro-berzi-berza-evropa

Цените на акциите на европските берзи силно пораснаа во понеделникот, пред се на Франкфуртската берза, потикнати од подобриот од очекуван податок за германските индустриски активности во март.

Франкфуртски DAX околу пладне беше во плус 1,2 отсто, на 11.591 поен, а париски CAC се зголеми 0,7 отсто, на 5.081 поен. Овие индекси минатата недела потонаа за три отсто.

Индустрискиот сектор во најсилната економија на еврозоната во април продолжи да бележи раст на активностите. Имено, PMI индексот што го изработува институтот Markit за германската индустрија во март изнесувал 52,1 поен, што е нешто помалку во однос на февруарските 52,8 поени, но и натаму е над 50 поени, што укажува дека овој сектор бележи експанзија. Аналитичарите очекуваа дека индексот во март ќе падне на 51,9 поени.

Од друга страна, францускиот PMI индекс падна во март 12 месец по ред.

„Германскиот податок покажува дека индустриската активност и натаму експандира, па загриженост дека недамнешниот раст на курсот на еврото би можел да им наштети на германските компании, дефинитнво е надмината. Германскиот економски раст е солиден и тоа и натаму дава поддршка на пазарот на акции. Сметам дека во наредната половина година повеќето аналитичари нагоре ќе ги ревидираат своите проценки за добивките на компаниите за периодот 2005/16.“, смета Кристијан Штокер, статег во Unicredit.

На грчката берза, пак, тргувањето беше нервозно, при што индексот ATM на почетокот на тргувањето потона 2 отсто, а мометно е 0,5 отсто во плус. Инвеститорите ги загрижува прашањето како Грција ќе го реши прашањето на долгот кој доаѓа на наплата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП