24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата на највисоко ниво годинава

Цената на нафтата на највисоко ниво годинава

nafta 94

Цената на нафтата на светските берзи денеска го забележа највисокото овогодишно ниво, близу 67 долари за барел, поттикната од очекувањата дека заситеноста од страна на понудата се намалува, а кинеските власти усвоија поттикнувачки мерки за производниот сектор.

На лондонската берза цената на барелот порасна 39 центи во однос на претходното затворање, на 66,85 долари. На американската берза барелот поскапе 22 центи, на 59,37 долари.

Од јануари цената на лондонската берза скокна над 40 отсто, поттикната од очекувањата за врамнотежување на понудата и побарувачката, намалениот курс на доларот и напнатоста на Блискиот исток.

„Пазарот очекува изедначување на понудата и побарувачката во втората половина од годината“, толкува Еуген Вајнберг од Commerzbank. Додава дека во банката растот на цената на нафтата во последно време го сметаат за невтемелен гледано од перспектива на понудата и побарувачката.

Обемот на тргувањето е ограничен поради празникот во Велика Британија.

На почетокот на неделата поддршка на цената на нафтата пружија и очекувањата дека кинеските власти ќе усвојат поттикнувачки мерки за забавениот производствен сектор, по извештајот на HSBC кој покажа дека активностите во индустријата забележале најголем пад во последната година.

Кинеските податоци се слаби, но се чини дека нафтениот пазар реагира пригушено. Најмногу се посакува намалување на понудата за да се воспостави рамнотежа во однос на побарувчаката“, толкува Рик Спунер од сиднејски CMC Markets.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП