25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна осмото издание на образовната програма Лидер

Започна осмото издание на образовната програма Лидер

lider 353

Осмата по ред програма за бизнис образование наречена „Лидер“, започна денеска во Скопје, во организација на невладината организација Македонија2025.

Оваа образовна програма се одржува под мотото „Предводиме со образование и развој“ и во неа ќе учествуваат четириесет претставници на мали и средни компании како и млади претприемачи од Македонија. Целта на интензивната десетдневна обука е да им се пренесе специфични знаења и искуства на учесниците кои веќе имаат или целат кон основање на сопствен бизнис.

Лидер проектот е уникатна програма што потекнува од бизнис школото Ричард Ајви, кое е дел од универзитетот Вестерн Онтарио во Канада и е едно од најдобро рангираните бизнис школи во Северна Америка. Наставата е градена според МБА програмот на школото и вклучува пренесување широк распон на знаења како практично истражување на случаи, испитување иновации, изводливост на бизнис план, усовршување на стратегија, работа во групи, аналитичко размислување, презентирање финален бизнис план и многу повеќе.

„Интересот за проектот секоја година е се поголем, а работната програма е побогата. Досегашните искуства на учесниците во ЛИДЕР проектот се покажаа многу позитивни бидејќи им овозможија на учеснисиците да го унапредат својот бизнис преку деловните и аналитичките вештини кои ги стекнуваат на предавањата. Македонија2025, како регионален лидер во овој проект, оваа година овозможи и учество на претставници на бизнис секторот од Србија. Преку Лидер проектот, ја продолжуваме нашата традиција на пренесување знаење и вештини која како крајна цел го има унапредувањето на компетитивноста на домашната економија. Предавањата ќе бидат дополнети со пренесување на искуства од индустријата од страна на успешни лидери како Мајк Зафировски, ко-основач на Македонија2025“, рече Билјана Марковиќ, директор на Македонија2025.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП