9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Свиркачот“ од HSBC порача дека неговата работа не е готова

„Свиркачот“ од HSBC порача дека неговата работа не е готова

svirkac 33

Ерве Фалкиани, поранешен вработен во банката HSBC, кој објави информации за клиенти на банката и за даночни затајувања, за шпанскиот весник El Mundo изјави дека има сознанија за други предмети и дека може повторно да делува бидејќи неговата „работа не е готова“.

Фалкиани рече дека информациите во медиумите за сметките на HSBC во Швајцарија, кои неодамна покренаа јавна бура во врска со британската банка, претставуваат „само врв на ледениот брег“ и дека даночните власти имаат многу повеќе информации.

„Мојата работа се уште не е готова. Не брзаме. Можно е дека на крајот на годината ќе имаме можност да делуваме“, рече поранешниот информатичар во швајцаската подружница на HSBC, одговарајќи на прашањето дали ќе открие дополнителни даночни случаи кои шпанските власти не ги откриле.

Неколку познати Шпанци беа погодени од објавите на Фалкиани. Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, кој во февруари ја кординираше медиумската објава на податоците за клинетите на HSBC, рече дека меѓу носителите на сметки бил и поранешниот претседател на банката Santander, Емилио Ботин, кој почина минатата година.

Шпанските власти се најдоа на удар на опозициските партии кои бараат да биде откриено кои јавни личности биле на листата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП