18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција најави разговори со странски компании за партнерство во TANAP

Турција најави разговори со странски компании за партнерство во TANAP

Image (99)

Турција и нејзините партнери во Трансанадолскиот гасовод (TANAP) ќе разговараат со една или две странски компании за можно партнерство, изјави во понеделникот турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз.

Според проекциите гасоводот TANAP би требало да транспортира 16 милијарди квадратни метри природен гас годишно од наоѓалиштата Шах Дениз во азербејџанскиот дел од Каспиското Море до турската граница со Бугарија и Грција и се мисли дека со него ќе се намали зависноста на Европа од рускиот гас.

Споменатите наоѓалишта ги разви британската мултинационална компанија „British Petroleum“ којашто во март годинава објави дека очекува во рок од два месеца да стане сопственик на удел во гасоводот. Уште во 2013 година од „British Petroleum“ најавија дека посакуваат удел од 12 отсто.

Во моментов азербејџанската државна компанија SOCAR поседува 58 отсто од уделот во TANAP, додека турската компанија „Botas“ минатата 2014 година го зголеми својот удел од 20 на 30 проценти.

Турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз во понеделникот, исто така, истакна дека не може да ги именува компаниите со коишто ќе се разговара, бидејќи нивните акции котираат на берзите.

Некои до балканските земји се надеваат дека ќе можат да се приклучат на TANAP преку Трансјадранскиот гасовод (TAP) кој ќе го транспортира гасот преку Албанија до Италија. Босна и Херцеговина, Црна Гора и рватска, пак, имаат намера да го градат Јонско-јадранскиот гасовод (IAP), кој имаат желба да се приклучи на TAP во албанското место Фиер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП