17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да одговорите на прашањето „Зошто мислите дека треба да ве вработиме...

Како да одговорите на прашањето „Зошто мислите дека треба да ве вработиме токму вас?“

young-man-in-a-job-interview-630x330

Кога работодавецот ќе ве праша „Зошто мислите дека треба да ве вработиме токму вас?“, всушност ве прашува по што вие сте различни од останатите кандидати кои се пријавиле за истата позиција.

Најдобар начин да одговорите на тоа прашање е да дадете конкретни примери кои покажуваат дека вашите вештини и знаења со кои располагате се идеални за понудената деловна позиција. Споредете ги вештините побарани во огласот за работа со вашите вештини и споменете ги достигнувањата од претходните работни места. Останете позитивни и нагласете го вашиот интерес за понудената работа.

Ви претставуваме совети кои ќе ви помогнат да се подготвите за тоа прашање:

Споредете ги потребните квалификации и квалификациите со кои располагате

Добро проучете ја понудата за работа. Направете попис на сите барани знаења, вештини и искуства, а потоа направете листа со вашите квалификации кои одговараат на барањата. Исто така размислете и за примерите кога сте ја искористиле таа компетентност.

Бидете концизни

Вашиот одговор би требало да биде краток и јасен – не подолг од две, три минути. Затоа изберете неколку најважни работи од листата која сте ја креирале и обликувајте го тоа во краток одговор. Започнете да објаснувате како да знаете што му е потребно на работодавецот и дека вие можете да ги исполните тие барања.

Фокусирајте се на уникатноста

Работодавецот го интересира по што вие се разликувате од другите пријавени кандидати. Затоа фокусирајте се на оние вештини кои ве прават уникатни и кои ве издвојуваат од останатите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП