3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠkoda ќе претстави нов SUV до крајот на годината?

Škoda ќе претстави нов SUV до крајот на годината?

suv skoda

Како ќе изгледа новиот „SUV“ модел на „Škodа“ со седум седишта ќе можеме да дознаеме на крајот на 2015-та.

Возилото за кое во јавноста се шпекулира, ќе се нарекува „Snowman“ или „Polar“, а би требало да биде претставено во Чешка до крајот на година, додека официјалната светска премиера најверојатно ќе се случи на авто-саемот во Женева во 2016-та.

Новиот „SUV“ ќе ја користи модифицираната „MQB“ платформа на која е базирана и третата генерација на „Superb“, додека дизајнот на возилото ќе биде сличен на идниот „Škodа Superb Combi“.

suv skoda1

Седмоседот на „Škodа“ со зголемено растојание од тлото би требало да биде долг околу 4.6 метри.

Моделот стандардно ќе има 5 седишта, а дополнителниот, третиот ред ќе биде достапен како опција со доплата. Со оглед на најавената должина на возилото, последните две седишта најверојатно ќе бидат доволни само за сместување на деца.

Автомобилот стандардно ќе биде понуден со преден погон, додека моделите со побогата опрема и помоќни мотори ќе имаат и погон на сите 4 тркала.

suv skoda2

Се верува дека новиот „SUV“ нема да биде само уште еден „урбан теренец“, туку, барем во верзиите со 4×4, ќе има солидни теренски карактеристики.

На фотографиите можете да го погледнте новиот „SUV“ на „Škodа“ според интернет страната „DesignRM“, како и тест-прототипот со модифицирана каросерија на моделот „Yeti“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП