11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаго забавен растот на производствениот сектор во еврозоната во април

Благо забавен растот на производствениот сектор во еврозоната во април

evrozonata

Активностите во производствениот сектор во еврозоната повторно пораснале во април, иако со малку поблаго темпо отколку во март, поткрепени со продолжениот раст на новите извозни порачки, покажа истражувањето на лондонскиот институт Markit објавено во понеделниот.

Индексот на менаџерите на набавката (PMI) за производствениот сектор во еврозоната се лизнал во април на 52,9 поени, откако во март го достигна највисокото ниво во последните десет месеци од 52,2 поени, утврдиле експертите во Markit. Прелиминарно неговата вредност беше проценета на 51,9 поени,

„Производствениот сектор во еврозоната повторни во април забележа раст на активностите чие малку побавно темпо сепак до некаде ќе ги ограничи оптимистичките очекувања дека програмата за квантитативно ублажување што ја покрена Европската централна банка (ECB) осигурила заздравувањето во еврозоната“, се констатира во писмената изјава на Крис Вилијамсон, главен економист на лондонскиот институт.

Новите извозни порачки повторно пораснале, бројот на новоотворени работни места повторно го надминал бројот на затворените, а првпат од ланскиот август пораснале и просечните продажни цени, одразувајќи ги поскапувањата во Германија, Италија и Ирска, се истакнува во извештајот.

Меѓу водечките економии најсилен раст на активностите во производствениот сектор во април годинава забележале Ирска и Шпанија, а забрзување е регистрирано и во Холандија и во Италија. Сите четири земји забележале солиден раст на производството и на новите претпријатија. Експертите, пак, ги загрижува продолжениот пад на активностите во Франција.

„Особено загрижува ситуацијата во Франција и во Грција, имајќи предвид дека во двете земји падот на активностите забрза на почетокот од вториот квартал. Меѓутоа, програмата на ECB за купување на активите само што е покрената и имајќи ја предвид загриженоста поради Грција, не зачудува тоа што патот на заздравувањето ќе биде нерамен“, предупредува Вилијамсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП