2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНово поголемо поскапување на цените на горивата

Ново поголемо поскапување на цените на горивата

benzin-cena-benzinite-goriva

Малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за три денара, одлучи во понеделник Регулаторната комисија за енергетиката.

Според оваа одлука, цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 72 денара за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 74 денари и на Еуродизелот 57,5 денари за литар.

Се зголемува малопродажната цена и на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари и ќе се продава по 46 денари за литар, како и цената на мазутот за 1,71 денар за килограм и ќе изнесува 29,63 денари за килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 62,7 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 57,2 денари за долар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП