18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИeBay оствари поголема добивка од очекуваната

eBay оствари поголема добивка од очекуваната

ebay33

Во првите три месеци од оваа година „eBay“ оствари поголема добивка од очекуваната, благодарение на растот на прометот остварен во финансиското работење, кое во најголем дел се однесува на „PayPal“.

Вкупниот промет на компанијата пораснал за 4,4 проценти во однос на истиот период една година претходно, на 4,45 милијарди долари, додека добивката се зголемила на 626 милиони долари наспроти минатогодишната загуба од 2,3 милијарди долари.

Основнато работење на компанијата, поврзано со страницата за продажба на стока, е намалено во однос на една година претходно за четри проценти, но тоа е надокнадено со растот на прометот остварен преку „PayPal“ благодарение на се поголемиот број на корисници на мобилни уреди.

„eBay“ најави дека во третиот квартал ќе го оддели „PayPal“ во независна компанија, но барем во нарендите пет години двете компании ќе продолжат тесно да соработуваат и да обезбедуваат поповолни услови за своите корисници.

Во тековниот квартал „eBay“ очекува приходи меѓу 4,4 и 4,5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП