18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија најмногу инвестира во железницата

Швајцарија најмногу инвестира во железницата

voz swis

Швајцарија годишно во својата железница инвестира 500 евра по жител, што ја позиционира на врвот на листата на европски земји според инвестициите во тој сектор, покажува истражувањето на „Boston Consulting Group“ за моделите на субвенционирање на железниците во Европа.

Со просечни 220 евра по жител што ги издвојува од буџетот, Франција е меѓу државите со најголеми субвенции за железничкиот систем, пишува францускиот весник „Le Figaro“.

И едната и другата сума далеку ги надминуваат издвојувањата на Велика Британија или Холандија, кои годишно за оваа намена трошат околу 130 евра по жител, додека Португалија или Полска издвојуваат само околу 100 евра просечно по жител, се наведува во друга студија на „Boston Consulting Group“ за перформансите на железничкиот систем на Стариот континент.

Во најновата студија „Boston Consulting Group“ сакаше да укаже на врската меѓу износот на буџетските средства кои државите ги наменуваат за железничката мрежа и операторите и нивните перформанси.

rains

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП