19 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКрај за Lexus IS F

Крај за Lexus IS F

leksus

Откако ја претставија новата генерација на моделот „IS“, „Lexus“ го најави откажувањето на спортска верзија „F“. Производство на овој автомобил ќе продолжи уште некое време, а во салоните ќе биде достапен до крајот на 2013-та година.

„Lexus Sport“ на почетокот на оваа година во Детроит, го претстави новиот „IS“, кој ќе се најде на пазарот на почетокот на летото. Во меѓувреме јапонскиот производител најави дека во рамките на новиот модел нема да се најде верзијата со високи перформанси „Lexus IS F“.

Иако не е понудено официјално објаснување за повлеквуање на „Lexus IS F“, се шпекулира дека слабата продажба на овој модел е причината за ваквиот чекор. Во 2012-та година во САД, кој е главниот пазар на „Lexus“, беа продадени само 486 примероци од моделот „IS F“.

Актуелниот „Lexus IS F“ е опремен со 5.0 литарски V8 мотор кој е во состојба да произведе 422ks при 6.600 o/min со максимален вртежен момент од 502 Nm достапен на 5.200 o/min. Овој модел на пазарот како главни конкуренти ги има „Mercedes C63 AMG“ и „BMW M3“.

Новата генерација на „Lexus IS“ ќе ја задржи буквата „F“ само во рамките на нашминканата верзија на моделот „IS F Sport“, кој ќе има само спортски имиџ, но не и вистинските перформанси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП