27 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемена стапката на невработеност во Италија

Зголемена стапката на невработеност во Италија

italija(1)4455652232

Стапката на невработеност во Италија, спротивно на сите прогнози, во месец март е зголемена на 13 проценти од работоактивното население, по стапката од 12,7 проценти забележана во февруари.

Ова е највисокото ниво на невработеност од ноември 2014 година, покажува официјалната статистика на земјата.

Аналитичарите за март во просек предвиделе дека стапката на невработеност ќе изнесува 12,6 проценти, пренесува Ројтерс.

Во категоријата најмлади (од 15 до 24 години) стапката на невработеност е зголемена на 43,1 проценти, од 42,8 проценти во февруари и тоа е нејзината најголема вредност од август минатата година, се вели во најновиот извештај на Статистичкиот завод ИСТАТ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП