6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОфицијално отворање на Саемот на книгата

Официјално отворање на Саемот на книгата

Image (94)

Денес во Метрополис Арена (Хала 1) во 19 часот, официјално ќе се отвори 27-миот по ред Саем на книгата кој е една од најзначајните културни манифестации во земјата.

На отворањето ќе присуствуваат министерката за култура на Република Македонија, д-р Елизабета Канческа-Милевска, проф. д-р Венко Андоновски, реномиран професор и писател, како и Горјан Лазаревски,претседател на издавачи и книжари на Република Македонија.

Овогодинешниот Саем на книгата е со најголема концентрација на книги и автори до сега, како и една од најатрактивните манифестации чиј број на посетители се движи околу 40.000.

Повеќе од 70 издавачи ќе се претстават на 27-тиот по ред Саем, меѓу кои најпознатите домашни автори, но и од регионот и Европа. Шведска, Италија, Косово, Албанија и Србија се земјите кои се изложувачи издавачи на Саемот на книгата 2015, кој оваа година се одржува од 5-ти до 11-ти мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП