3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканските компании на акционерите ќе им исплатат над 1.000 млрд долари

Американските компании на акционерите ќе им исплатат над 1.000 млрд долари

Image (93)

Инвеститорите годинава ќе добијат повеќе од 1.000 милијарди долари благодарејќи на одлуките на американските компании за зголемување на дивидендите и програмите за откуп на сопствените акции, проценува инвестициската банка „Goldman Sachs“ очекувајќи 18-процентен скок на планот на откупот и 7-отстотен раст кај исплатата на дивидендите.

„Корпоративната активност во првите месеци од 2015 година го поддржува нашиот став дека компанијата од составот на индексот S&P 500 на инвеститорите оваа година ќе им вратат повеќе до 1.000 милијарди долари“, вели Дејвид Кастин, аналитичар во „Goldman Sachs“.

Изминативе седмици за повеќе од 80 отсто од компаниите од составот на S&P 500 индексот истекува периодот во кој има беше забранет откупот на акциите пред објавувањето на резултатите од деловното работење во првиот квартал од годинава. Компаниите коишто се подготвуваат на такви парични инјекции, може да очекуваат автоматско зголемување на добивката по акции и од дивидендите приходи. Тоа веројатно ќе доведе до раст на цените на нивните акции, што дејствува поттикнувачки за поширокиот пазар, сметаат аналитичарите на банката.

Меѓу компаниите коишто имаат големи резерви готовината на своите сметки и веројатно ќе ги откупуваат акциите, се издвоени „Allstate Corp“, „Apple“ и „Northrop Grumman Corp“. На почетокот од минатата седмицата „Apple“ најави дека ќе ја зголеми програмата за откуп на акциите од 90 на 140 милијарди долари, а најави и 11-процентно зголемување на кварталната дивиденда. Челниците на овој технолошки џин проценуваат дека на тој начин до март 2017 година на вложувачите ќе им исплатат околу 200 милијарди долари.

Меѓу многуте компании кои најавуваа зголемување на дивидендата или програмата за откуп на сопствените акции на пазарот се истакнува и „McDonald’s“. Овој синџир ресторани за брза храна ги објави кварталните резултати на 22-ри април и најави дека планира на акционерите да им врати меѓу 18 и 20 милијарди долари, низ откуп на кациите и исплатата на дивидендите во текот на следните две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП