22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBNP Paribas ќе треба да плати рекордна казна од 9 милијарди долари

BNP Paribas ќе треба да плати рекордна казна од 9 милијарди долари

paribas 00

На француската банка „BNP Paribas SA“ и беше наредено да плати рекордни 8,97 милијарди американски долари казна за решавање на кривичното дело поради нарушување на американските санкции преку обработка на трансакции кои ги вклучуваат Судан, Иран и Куба, соопштува „Reuters“.

Според обвинителите во САД, „BNP“ помогнала за обработка на трансакции за 6,4 милијарди американски долари кон Судан, над 686 милиони долари кон Иран и 1,747 милијарди долари кон Куба.

„„BNP Paribas“ одигра клучна улога во овој заговор, а високи функционери во банката користеле сложени и софистицирани техники. Високи официјални претставници на банката знаеле за нелегални трансакции и им дозволиле да продолжат“, изјави помошник-обвинителот Ендрју Голдстајн во судот.

Банката веќе плати милијарди долари на обвинителството во Менхетен, на Федералните резерви на САД и на Њујоршкиот департментот за финансиски услуги како дел од поврзаните граѓански и кривични предмети. Овие исплати ќе се одземат од федералната парична казна на „BNP“, рекоа обвинителите.

Последиците од истрагата ги достигнаа највисоките нивоа на француската и американската влада. Обидите на француски официјални лица, вклучително и претседателот Франсоа Оланд, не беа доволни за да ги убедат во САД да прифатат поблаги санкции за банката со седиште во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП