5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва се петте најлоши економии во светот

Ова се петте најлоши економии во светот

39422474455437c81111ba694135943_640x427

Украина во 2015 година забележи најбрз пад на економијата во светот, со опаѓање на бруто домашниот производ од 6,5 проценти од април минатата година.

На второ место е Либија, Русија е петта, а Грција петнаесетта, се наведува во анализата британскиот магазин Економист.

Овој магазин објави и ранг-листа на земји чии економии бележат најбрз раст во светот, а на која првите пет места ги заземаат африкански земји, на чело со Папуа Нова Гвинеја.

Индија на листата со најбрзорастечки економии е шестопласирана, додека на Кина и припадна 12-тото место.

Украинската економија покажа знаци на најдлабока рецесија во споредба со остатокот од светот, според податоците до кои дошол Економист, со анализа на едногодишниот раст на БДП на земјите од април 2014 година.

Тие податоци укажуваат на тоа дека економијата на Либија се намалила за 6,4 отсто, додека Макао, забележа економски пад од шест проценти.

Екваторијална Гвинеја е четврта земја во светот во најлоши економски резултати и пад на БДП од 5,5 отсто, а петтопласирана е Русија, чиј БДП опаднал за четири проценти во изминатата година.

Грција, чиј БДП забележа само благ пад, се најде на 15 место на листата на најбрзопаѓачки економии во светот.

Валерија Гонтарева, која е на чело на украинската Народна банка, изјви дека економската рецесија во оваа земја стигнала до дното и најави постепено закрепнување започнувајќи од вториот квартал во 2015 година.

Светска банка, сепак, во средата ги намали економските прогнози за Украина, предвидувајќи пад на нејзиниот БДП од 7,5 проценти во текот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП