6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИсчезнале пет милиони долари од сметката на Ryanair

Исчезнале пет милиони долари од сметката на Ryanair

ryanair-aircraft-(12)

Авиокомпанијата „Ryanair“ спроведува интерна истрага за тоа како исчезнале околу пет милиони долари од сметката на оваа компанијата.

Парите се повлечени минатата недела по електронски пат од една неименувана кинеска банка, пишува Блумберг.

Дополнителни детали за оваа измама засега сеуште не се достапни, а истрагата која сеуште трае заеднички ја спроведуваат „Ryanair“, ирската и кинеската полиција, како и службениците на наведената кинеска банка.

Се претпоставува дека сметката на „Ryanair“ од која исчезнале парите требала да послужи за плаќање керозин за околу 400 Boeing 737-800 авиони на „Ryanair“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП