25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGolf GTI пред 30 години и денес (видео)

Golf GTI пред 30 години и денес (видео)

g gti1

Секогаш интересна тема е суштинскиот напредок на моделот во текот на децениите, а споредениот премиерок на „Golf GTI“ (Mk2 генерација) и актуелниот „Golf GTI“ можеби најдобро сведочат за правецот на развојот на авто-индустријата.

Без сомневање, денеска автомобилите се покомфорни, потешки, побезбедни и тројно поскапи во цврста валута, отколку со соодветен модел пред три децении. Споредбата на преформансите и потрошувачката остава простор за дополнителни дискусии.

Цена:

Во 1985-та година „Golf GTI“ на американскиот пазар чинел 8.990 долари што според стапката на официјалната инфлација изнесува денешни 19.600 долари. Меѓутоа, „Golf GTI“ (Mk7 генерација) денеска чини околу 25.000 долари, што го прави 20% поскап од неговиот претходник.

Мотор/Перформанси:

„Mk2 Golf GTI“ имаше 1.8-литарски атмосферски агрегат од 100 односно 112 KS и до „стотка“ забрзуваше за 8.5 секунди со помош на 5 степен мануелен менувач.

„Golf GTI Mk7“ денеска користи 2.0-литарски турбо мотор со двојно поголема моќ (210 KS) која со помош на супер модерен „DSG“ автоматски менувач до 100 km/h стигнува за 5.8 секунди.

g gti4

Тежина/Потрошувачка:

„Golf GTI Mk2“ e тежок 975 kg, додека денешниот „GTI“ на „вага“ брои 1.375 килограми.

„GTI Mk2“ просечно троши 8.1 l/100km, а пак актуелниот „GTI“ според фабричките податоци има потрошувачка од 6.9 литри бензин на 100 километри.

Се на се, во однос на пред три децении, денешните автомобили се, барем во примерот со „Golf GTI“, потешки за 30%, помоќни за 100%, поштедливи за 15% и поскапи за 20%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП