11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија веќе четири месеци во дефлација

Словенија веќе четири месеци во дефлација

slovenija1

Словенија веќе четири месеци е во дефлација, а во април негативната стапка на инфлацијата била највисока во историјата, кога потрошувачките цени се намалиле за 0,7 проценти.

На годишно ниво, најголемо влијание на падот на потрошувачките цени во месец април имало поевтинувањето на нафтените производи.

Течните горива биле поевтини за 15,6 проценти, а моторните горива за 10,6 проценти.

Пад во месец април забележале и цените во категориите превоз (5,1 проценти), облека и обувки (2,4 проценти) и опремата за домување (2,3 проценти), пренесуваат локалните економски агенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП