20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопственикот на ZARA заработи 2,4 милијарди евра

Сопственикот на ZARA заработи 2,4 милијарди евра

zara1

Сопственикот на „ZARA“, шпанскиот „Inditex“ минатата година ги привлече потрошувачите во потрага по модна облека на нови пазари, со што ја зголеми нето добивката за 22 проценти.

Најголемиот светски производител на облека, сопственик на осум модни брендови, извести дека неговата нето добивка изнесува 2,4 милијарди евра во 2012 година.

Компанијата отвори нови продавници на 64 пазари во светот, помеѓу кои и првите во Грузија, Босна и Херцеговина, Македонија, Еквадор и Ерменија. На крајот на 2012 година оваа компанија брои вкупно 6009 продавници, 482 повеќе отколку во 2011 година.

Покрај тоа, таа дополнително ја прошири и мрежата на онлајн продавниците, кои сега опфаќаат 23 пазари. За оваа година компанијата планира да се прошири и на канадскиот онлајн пазар.

„ZARA“ за сезоната есен/зима 2013 ќе отвори онлајн продавница и во Русија.

Во соопштението се наведува дека во периодот од 1 февруари до 11 март продажбата се зголемила за 12 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП