16 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадот на доларот ја крена цената на нафтата во САД на највисоко...

Падот на доларот ја крена цената на нафтата во САД на највисоко ниво за пет месеци

nafta3020

Цената на нафтата на американската берза денеска скокна по падот на доларот кон кошничката валути на најниско ниво од февруари, додека во Лондон цената на нафтата стагнираше.

На американската берза барелот во утринската трговија достигна највисоко ниво од 12 декември, од 59,40 долари, а попладнето се тргува по 59 долари. На лондонската берза цената на барелот остана непроменета во однос на вчерашното затворање, на 65,84 долари.

Американскиот долар падна на најниско ниво од феруари кон кошничката валути, а вредноста на еврото и јенот порасна, што ја чини нафтата поевтина за оние кои не тргуваат во долари.

„Доларот е голема причина за денешниот раст. Од технички аспект, индексот на доларот се спушти во понеделникот под својот 60-дневен просек за прв пат од јули минатата година и е за 1,1 отсто над 120-дневниот просек “, рече Бјорн Шилдроп од SEB.

Цената на американската берза исто така ја поттикнаа вестите објавени во среда за падот на залиите на нафта за речиси половина во јазолот Кушинг. Континуираниот рат на американските залихи трае со месеци, но во последните недели почна да забавува при намаленото домашно производство и закрепнување на побарувачката на рафинериите, што помогна да се врамнотежи пазарот.

Во истражувањето на Reuters спроведено меѓу 32 аналитичари проценето е дека просечната цена на нафтата во Лондон ќе биде 60 долари во 2015 година, што е 80 центи над минатомесечната проекција. Исто така, предвидуваат дека цената на нафтата и натаму ќе биде под притисок на високите светски залихи.

„Производството на нафта во САД ќе биде посилно од очекуваното“, рече Франк Клумп, аналитичар од LBBW.

Одделно OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барел кошничка нафта во средата изнесуваше 60,92 долари, што значи дека пораснала за 51 цент во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП