17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи трет ден по ред во минус

Европските берзи трет ден по ред во минус

pad berzi

Цените на акциите на европските берзи денеска паднаа трет ден по ред, бидејќи инвеститорите ги разочараа слабите деловни резултати на „Nokia“, а ги загрижува и јакнењето на еврото.

FTSEurofirst инексот на 300 водечки европски акции околу 12.00 часот беше во минус 0,7 отсто, на 1.569 поени, откако што вчера потона 2,2 отсто, а во претходниот ден 1,5 отсто.

Лондонски FTSE околу пладне беше во загуба 0,10 отсто, на 6.962 поени, додека франкфуртски DAX ослабна 0,15 отсто, на 11.465поени, а париски CAC 0,20 отсто, на 5.040 поени.

Цената на акцијата на „Nokia“ потона над 8 отсто, откако финскиот производител на телекомуникациска опрема извести за значително послаби од очекуваните квартални деловни резултати.

Остро, за 8 отсто, падна и цената на акцијата на франсуски Alcatel-Lucent, додека акцијата на шведски Ericsson поевтини 1,2 отсто. Поради тоа STOXX Europe 600 индексот на технолошкиот сектор се намали за 1,9 отсто.

Инвеститорите ги загрижува и јакнењето на еврото кон доларот, откако вчера објавените податоци за растот на американската економија во првиот квартал од 0,2 отсто на годишно ниво ги намалија изгледите дека централната банка Фед ќе ги зголеми каматите пред есен.

Поради тоа курсот на еврото скокна од вчерашните 1,0970 на над 1,12 долари. Јакнењето на еврото лошо влијае на конкурентноста на европските производители на светскиот пазар, па под притисок се најдоа цените на акциите на големите европски извозници.

Во таков амбиент, денеска паднаа цените на акциите дури и на оние компании кои објавија подобри деловни резултати од очекуваното, како на пример германски BASF и норвешки Statoil.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП