22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоголем профит, помали приходи за Thomson Reuters

Поголем профит, помали приходи за Thomson Reuters

logo-thomsonreuters

Меѓународниот медиумски гигант „Thomson-Reuters“ во првиот квартал од оваа година забележа раст на профитот, додека приходите истовремено се намалени како резултат на долготрајната реструктура во компанијата.

Компанијата со седиште во Њујорк во три месеци заклучно со март оствари раст на нето профитот од осум проценти на годишно ниво, на 305 милиони долари, додека приходите се намалиле за три проценти на 3,04 милијарди долари, пренесува агенцијата Франс прес.

„Годината солидно започна и ние продолжуваме да работиме на нашата платформа за раст“, изјави претседателот и извршниот директор на „Reuters“, Џејмс Смит.

Одделението за финансиските информации во првиот квартал било погодено со валутните колебања и приходите во таа област се намалени за шест проценти, на 1,6 милијарди долари. Вкупните приходи на „Reuters“ истовремено се намалени за шест проценти на 74 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП