21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ограничува увоз на јаболка од Србија поради фалсификатори

Русија ограничува увоз на јаболка од Србија поради фалсификатори

Image (91)

Руската служба за ветеринарски и фитосанитарен надзор (Роселхознадзор) ќе го ограничи увозот на јаболка од Србија поради фалсификување на српските фитосанитарни сертификати во Европа.

„Мораме да воведеме постапка за претходна најава за јаболка кои доаѓат од Србија. Производите нема да може да ја минат границата без инспекција“, изјави шефот на Роселхознадзор, Сергеј Данкверт.

Тој додаде дека е потребно поострување на мерките поради многу распросрането фалсификување на српски фитосанитарни сертификати, пренесе руската агенција Тасс.

„За голем број производи кои се извесуваат во Ерусија, Европејците направија фалсификувани документи. Проверивме 33 сертификати за јаболки од Србија и само еден од нив беше автентичен“, изјави Данкверт.

Тој информираше и дека одвоена истрага на Роселхознадзор укажала на релативно слична ситуација со фитосанитарните сертификати од Бугарија, на која и е воведена забраба за извоз на јаболка во Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП