4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто да правите кога на работа ќе направите грешка?

Што да правите кога на работа ќе направите грешка?

1342986626553f888abf5db956526720_w640

Барем еднаш ви се случило да сте направиле некоја грешка на работното место. Но доколку не, тогаш постојат добри шанси тоа да ви се случи во иднина, па во продолжение прочитајте го нашиот совет што е потребно да направите кога ќе се случи таа грешка.

Пред се би требало да признаете дека вие сте погрешиле, односно да не одрекувате, а потоа јавно да се извините и да кажете дека ќе настојувате да го решите проблемот кој настанал од таа грешка.

Кога грешката ќе се случи веќе е касно за објаснувањата како се случила таа грешка. Веднаш би требало на шефот да му понудите план на кој начин ќе го решите настанатиот проблем и ќе ја поправите направената грешка.

И нормално на самиот крај би требало да му ветите на шефот дека таа грешка повеќе никогаш нема да се повтори и дека во иднина ќе внимавате повеќе на тоа со цел подобро да ја извршувате вашата работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП