9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната излезе од дефлација, невработеноста стабилна

Еврозоната излезе од дефлација, невработеноста стабилна

evrozona1

Еврозоната во април излезе од четиримесечната дефлација, избегнувајќи спирален пад на цените, со што заживеаа надежите за економско закрепнување во Европа.

Инфлацијата во еврозоната во април беше на нулта ниво, по мартовскиот пад од 0,1 отсто, а кон забрзувањето на инфлацијата придонесоа растот на цените на храната, алкохолот и цигарите, се наведува во соопштението на Eurostat.

Стапката на невработеност во март остана на 11,3 отсто, на исто ниво како и во февруари, но е нешто пониска во однос на 11,7 отсто од март минатата година.

Овие вести се очекува да наидат на добри реакции од Европската централна банка која во март покрена историска програма за монетарни поттикнувања наменети во борба против падот на цените во еврозоната, оценува Франс прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП