21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОблакодер од 57 ката изграден за 19 дена во Кина

Облакодер од 57 ката изграден за 19 дена во Кина

ob kina2

Кинеската градежна компанија BCB (Broad Sustainable Building) тврди дека е најбрз градител на светот, откако во градот Чангша направи облакодер од 57 ката за 19 работни денови.

Правоаголната зграда од стакло и челик во главниот град во покраината Хунан изградена е со користење на модуларен метод.

Потпретседателот на компанијата Сјао Чангтенг изјави дека биле подигнувани три ката дневно.

„Тоа е дефинитнвно најголемата брзина во нашата индустрија“, рече Сјао, додавајќи дека зградата е безбедна и дека може да издржи земјотрес.

Оваа компанија има за цел да го изгради највискиот облакодер на сведот „Скај сити“ од 202 ката за три месеци.

„Со традиционалната метода се гради облакодер цигла по цигла, но со нашата метода треба само да се состават блокови“, изјави инженерот Чен Сјанќиен, вработен во BCB.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП