29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканската економија со раст од само 0,2 отсто во првиот квартал

Американската економија со раст од само 0,2 отсто во првиот квартал

us ekonomi322

Американската економија порасна во првото тромесечје само за 0,2 отсто на годишно ниво, значително побавно во споредба со претходниот квартал, бидејќи поради лошите временски прилики забавен е растот на личната потрошувачка, а енергетските компании го намалија производството и инвестиците поради ниските цени на нафтата.

Министерството за трговија на САД ја објави првичната проценка според која бруто домашниот производ во првото тромесечје пораснал само 0,2 отсто на годишно ниво.

Тоа е значително помалку во однос на очекувањата на аналитичарите во анкетата на Reuters од 1 отсто и значително помалку во однос на последниот квартал од минатата година, кога економијата пораснала 2,2 отсто. Ова е и најбавен раст на економијата во изминатата година.

Во извештајот на министерството не е квантифицирано колку на забавувањето на растот на економијата влијаеле лошите временски услови, штрајкот во западните пристаништа во САД, високиот курс на доларот и ниската цена на нафтата.

Меѓутоа, економистите проценуваат дека невообичаеното студено време во февруари ја намали стапката на раст за половина отстотен поен, бидејќи влијаеше на градежните активности и на растот на личната потрошувачка, која сочинува две третитни од економските активности во САД.  Растот на личната потрошувачка е намалена на 1,9 отсто, додека во претходниот квартал изнесуваше 4,4 отсто. Штрајкот во пристаништата се намали 0,3 отсотни поени.

Ниските цени на нафтата предизвикаа, пак, остро намалување на производството на црното злато во САД и на инвестициите на енергетските гиганти како што се Schlumberger, Halliburton, Exxon Mobil…

Деловните инвестиции во рударството, истражуваето и ископините се намалени за над 48 отсто, а потрошувачката на нестанбени градежни објекти паднаа за 23 отсто, што е нејзин прв пад од 2013 година. Економистите проценуваат дека поради ова стапката на раст на БДП-то е намалена за 0,75 отстотни поени.

Но, изненади силниот раст на залихите, за дури 110 милијарди долари, што придонесе за растот на БДП-то за 0,74 отстотни поени.

Иако првите макроекономски показатели од април укажуваат на подобрување на состојбата, аналитичарите не очекуваат брзо закрепнување, како што беше забележано минатата година по исто така слабото прво тромесечје, по што економијата силно порасна во второто тромесечје.

„Раширеноста и длабочината во овој изветај за БДП-то најавуваат уште еден разочарувачки, иако нешто подобар извештај за БДП-то за вториот квартал. Но, се уште не се предаваме, се уште не планираме значително да ги намалиме проценките за растот за целата оваа година“, вели Скот Андресон, главен економист во Bank of the West.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП