2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВолстрит под притисок од забавениот раст на американскиот БДП

Волстрит под притисок од забавениот раст на американскиот БДП

Image (87)

Цените на акциите на Волстрит паднаа во средата бидејќи американската економија во првото тромесечје порасна значително побавно од очекуваното, а поголем пад на цените спречи уверувањето на инвеститорите дека Фед нема брзо да ги зголемува каматите.

Dow Jones ослабна 74 поени или 0,41 отсто, на 18.035 поени, додека S&P 500 се спушти 0,37 отсто на 2.106 поени, а индексот Nasdaq се намали 0,63 отсто, на 5.023 поени.

Падот на цените уследи откако е објавена првата проценка според која американскиот бруто домашен производ во првиот квартал пораснал само 0,2 отсто на годишно ниво.

Тоа е значително помалку во однос на очекувањата на аналитичарите во анкетата на Reuters од 1 отсто и значително помалку во однос на последниот квартал од минатата година, кога економијата пораснала 2,2 отсто.

Иако слабостите во економијата се припишуваат на привремени фактори, како што се штрајкот во западните американски пристаништа и лошите временски услови, што го забави растот на личната потрошувачка, аналитичарите не се сосема сигурни дали во второто тромесечје ќе уследи брзо закрепнување на економијата, под притисок на високиот курс на доларот и ниската цена на нафтата.

Поголем пад на цените на ациите спречи уверувањето на инвеститорите дека поради острото забавување на економија американската централна банка нема веќе во јуни, туку најрано во септември да ги зголеми клучните каматни стапки.

Меѓутоа, челниците на Фед пораснаа вчера, по дводневната седница, дека можноста за зголемување на каматните стапки ќе се разгледува на секоја седница и дека потегот ќе зависи од економските показатели.

Но, во соопштението се предупредува на забавување на закрепнувањето на пазарот на труд и некои други економски слабости, што инвеститорите ги наведе на заклуок дека првото зголемување на каматите на Фед од 2006 година нема да уследи пред септември.

„Сите ние знаеме дека Фед би сакал да започне да ги нормализира каматните стапки, но факт е дека актуелните економски показатели не го оправдуваат ваквиот потег“, вели Вејн Кауфман, аналитичар во компанијата Phoenix Financial Services.

Во седум од десет сектори на индексот S&P 500 цените на акциите вчера паднаа, додека раст е забележан во енергетскиот, рударскиот и финансискиот сектор.

Меѓу најголемите губитници беше технолошкиот сектор бидејќи цената на акцијата на Twitter потона 9 отсто, откако социјалната мрежа ги разочара инвеститорите со послаби од очекуваните резултати во првото тромесечје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП