17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на сомнителни финансиски трансакции во Швајцарија најголем од 2011

Бројот на сомнителни финансиски трансакции во Швајцарија најголем од 2011

603444_svajcarska-nacionalna-banka03reutersfoto-reuters_f

Во Швајцарија бројот на сомнителни трансакции, кои пред се се однесуваат на перење пари, во минатата година е зголемен за една четвртина.

Нивната вредност достигнала 3,3 милијарди франци, што е рекордно ниво од 2011 година, соопшти Бирото за комуникација во врска со перење пари (MROS).

Во соопштението се прецизира дека во 2014 година имало вкупно 1.753 сомнителни трансакции, во однос на 1.411 во претходната година, што во просек изнесува седум трансакции во секој работен ден, пренесуваат швајцарските медиуми.

Најголем број од трансакциите, дури 85 проценти, потекнуваат од банкарскиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП