20 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРА„Градинар, пустина“, нов роман од Божин Павловски

„Градинар, пустина“, нов роман од Божин Павловски

gradinar24

Во едицијата „Современа македонска проза“, книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје, го објави романот „Градинар, пустина“ од македонскиот писател Божин Павловски.

На страниците од ова возбудливо и мајсторски обликувано прозно дело, писателот обработува универзална тема, во која се проткајуваат човечки судбини од повеќе генерации.

За најновото романескно дело на познатиот македонски романсиер, Гоце Смилевски вели дека „Божин Павловски низ романескна визура ни ја пренесува својата претстава за транснационалната, космополитска, мултијазичка и хибридна мапа на светот… И, со оглед на тоа што делата на Божин Павловски, особено оние кои ги создава откако Австралија стана негова втора татковина, ги тематизираат феномените на детериторијализираните култури, и говорат за средбите, дијалогот и разминувањата помеѓу две или повеќе култури, заедници и јазици на еден ист простор, би можеле неговите романи да ги одредиме како дел од транснационалната литература, која има се поголемо значење во современиот свет во кој значајна карактеристика се дислокацијата и преместувањето, па оттаму и пишувањето помеѓу историите, географиите и културните практики“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП